Интер ослабен за „мечот на сезоната“

Интер во среда го пречекува тимот на Шахтар во последното коло од Лигата на шампионите, меч кој се смета за клучен на Нероаѕурите во обидот да обезбедат пласман во нокаут фазата.

Но, за тој дуел Антонио Конте нема да смета на својот војник. Имено, Артуро Видал има проблеми со бутниот мускул, повреда која ја заработи изминатиов викенд во победата над Болоња, по што е неивесно колку Чилеанецот ќе паузира.

За утре се предвидени детални прегледи по што ќе се утврди сериозноста на повредата, па така Видал нема да биде дел од составот кој ќе се бори за остварување на целта, а тоа е место меѓу 16-те најдобри екипи во Европа.

Видал инаку пропушти само еден меч во ЛШ сезонава, тоа беше победата на Интер од 3-2 над Гладбах, поради што претходно заработи исклучување против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести