Интер сака да го купи најдобриот стрелец во турското првенство

Интер уште е во потрага по квалитетни засилувања во овој преоден рок. Нераѕурите се фокусираа на норвешкиот репрезентативец Александер Сорлот, кој неодамна завршената сезона ја помина во дресот на Трабзонспор.

Сорлот во Трабзонспор играше како позајмен играч од Кристал Палас и блеска во турското првенство. Во 34 меча од шампионатот даде 24 погодоци. Норвежанецот во Кристал Палас имаше 20 меча во кои даде еден гол и затоа беше даден на позајмица.


Сепак, Сорлот во изминатава сезона потврди дека се работи за квалитетен играч и сега е на радарот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести