Интер се одбрани против Фиорентина и повторно го освои Купот на Италија (Видео)

Екипата на Интер втора година по ред го освои трофејот од Купот на Италија откако во финалето во Рим ја совлада Фиорентина со 2-1.

За екипата од Милано ова е деветти трофеј од Купот на Италија, со што се израмни на втората позиција со Рома, а далеку најтрофеен е Јувентус со 14 трофеи.

По возбудливото прво полувреме, во кое најпрво Фиорентина поведе преку Нико Гонзалес, а потоа Лаутаро Мартинес направи комплетен пресврт, во вториот дел немаше голови. Интер беше концентриран да го зачува водството, додека нападите на Фиорентина не даваа плод.

Трите погодоци од натпреварот Фиорентина – Интер може да ги погледнете ТУКА.

https://twitter.com/Inter_en/status/1661476040164904960?s=20

- Оглас -

Најнови вести