Интер водеше против Јувентус, а спасот за Старата дама дојде од пенал (Видео)

Интер и Јувентус ремизираа 1:1 во последниот меч од деветото коло во италијанската Серија А. Ова реми не им одговара на ниту една од екипите, затоа што веќе имаат прилично големо заостанување во однос на двете првопласирани екипи на табелата, Наполи и Милан.

Нераѕурите имаат 18 бода и се трети со седум бодови помалку од водечкиот двоец, додека Јувентус досега собра 15 бодови. Интер беше поблиску до победата, ако се знае дека Нераѕурите водеа со голот на Един Џеко од 17 минута.

За Џеко ова е седми погодок сезонава во Серија А и е втор стрелец во лигата, веднаш зад Чиро Имобиле кој досега даде осум гола за Лацио.

Актуелниот италијански првак беше во водство се до пред крајот. Во 89 минута беше досуден пенал за Јувентус, а Пауло Дибала не згреши од белата точка и го спаси гостинот од пораз.

- Оглас -

Најнови вести