Интересна најава за трансфер: Од него ни се крши јазикот, Милан ќе го купи за 25 милиони евра

Милан е заинтересиран за Доминик Собослаи, одличниот млад играч на Салцбург, и веќе е во преговори за ангажман на 20-годишниот Унгарец со сложено презиме.

Италијанската „Газета дело спорт“ има интересна најава за преговорите меѓу Милан и австрискиот првак, а сумата која би ја платил лидерот во Серија А е околу 25 милиони евра.

„Од неговото презиме ни се крши јазикот, но Собослаи (Szoboszlai) е класа играч и Милан ќе заврши голема работа ако го доведе во своите редови. Иако има само 20 години, игра на врвно ниво веќе две сезони, колку што е член на Салцбург. Беше најдобар нивен играч во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, а блескаше и на двата меча во фазата по групи. Доминик е комплетен играч без ниту една мана“, пишуваат новинарите на „Газета дело спорт“.

Собослаи постигна два од четирите голови на Салцбург во двата меча од фазата по групи во Лигата на шампионите, а вечерва ќе биде на нов тежок испит со својот тим против актуелниот европски првак Баерн Минхен.

Лани во австриското првенство постигна 9 гола за Салцбург и имаше 3 асистенции, што е одличен ефект за играч од средниот ред.

 

- Оглас -

Најнови вести