Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е речиси неизбежен дел од телевизиските преноси на натпреварите од Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Неговото често појавување на екраните, сепак, не е случајност.
Според тврдењата на водителот на „Копа90“, Ели Менгем, во договорите со телевизиските носители на правата постои клаузула според која режисерите на преносите се обврзани барем еднаш во текот на натпреварот да го прикажат Инфантино.
„Од исклучително доверлив извор од телевизиската индустрија добив потврда дека одговорот е – да. Инфантино мора да биде прикажан најмалку еднаш, обично за време на полувремето. Но, неговиот лик не се емитува на видеобимовите на стадионите поради свирежите од публиката“, напиша Менгем на социјалната мрежа „X“
Ваквите тврдења не се нови. Уште за време на Светското првенство во Катар во 2022 година, „Њујоркер“ објави дека режисерите на официјалниот телевизиски сигнал добиле инструкции да го прикажуваат претседателот на ФИФА еднаш по натпревар, но не и во моменти кога го користи мобилниот телефон.
Според истите извори, оваа практика продолжила и на актуелниот Мундијал, па Инфантино останува една од најекспонираните личности во телевизиските преноси од шампионатот.

