Интересни проценти на типови за најголемите дербија во колото на Спортска прогноза

Само 18,8 проценти од играчите на Спортска прогноза кои типувале досега сметаат дека Реал Мадрид ќе го добие дербито на гости против Атлетико. Најмногу се изјасниле за нерешено, а над една третина мислат дека Јорганџиите ќе победат. Победа на Атлетико ќе значи нивна сериозна, можеби и недостижна предност во трката за титулата.

На менито на 26-тото коло на Спортска прогноза се и уште две големи дербија. Во Италија, Јувентус го пречекува Лацио, а фаворит на прогнозерите е Старата дама. Досега дури 86,8 отсто се изјасниле за кец. Во англиската Премиер лига има градско дерби во Манчестер, а 65,1 отсто сметаат дека Сити ќе го совлада Јунајтед. Ако се случи тоа, борбата за титулата ќе биде завршена и Граѓаните ќе го вратат трофејот во своите витрини.

За да стигнете до премијата „ајфон 11“, треба да се погодат 13-те пара од основната понуда. За 12 или 11 погодоци следуваат ваучери од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари.

Можете да се вклучите со свои прогнози до 15.30 часот во сабота, кога ќе почнат двата меча од Бундеслигата меѓу Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен и Хофенхајм против Волфсбург.

Треба да се типува и на резервните парови бидејќи се пресметуваат во скорот за Генералниот пласман, каде што главен подарок е Смарт ТВ 48 инчи, кој се доделува по крајот на сезоната.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести