Голем инцидент на Косово – Навивачите славеа гол и го нокаутираа голманот кој заврши во болница (Видео)

Голем инцидент се случи во Косово на дерби мечот меѓу Гњилане и Балкани, а настрада голманот на гостите, Фрашери.

Домаќините израмнија во финишот на мечот, а нивните навивачи влетаа на терен и го нападнаа гостинскиито голман.

Фрашери бил удрен неколкупати од страна на навивачите на Гњилане и потоа гостите одбија да го продолжат мечот.

Фрашери веднаш бил однесен во болница, а натпреварот е прекинат.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести