Инѕаги се налути: Јувентус само од пенал можеше да даде гол

Интер и Јувентус ремизираа 1:1 во дербито на Италија кое се одигра синоќа на „Џузепе Меаца“. Актуелниот првак благодарение на голот на Един Џеко, уште од 17 минута имаше водство на свој терен, но на крајот не победи.

Се играше 89-тата минута кога судијата покажа дека треба да има пенал за Јувентус. Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, жестоко реагираше по одлуката која беше донесена со помош на ВАР-технологијата, па доби црвен картон. Пауло Дибала го погоди пеналот и донесе бод за Јувентус.

„Единствен начин Јувентус да израмнеше беше тој пенал. Разочаран сум бидејќи ја контролиравме играта од самиот старт и не му дозволивме ништо на Јувентус. Воопшто не сум среќен затоа што загубивме два бода. Судијата беше многу блиску до целата ситуација и можеше добро да процени што се случува. Не мора секогаш да му јавуваат од ВАР-собата. Мојот потег по таа одлука да има пенал не беше во ред, но едноставно не можев да се воздржам бидејќи сметав дека таа ситуација не е за ВАР“, рече разочараниот Инѕаги.

 

- Оглас -

Најнови вести