Ирците го прекинаа постот од 11 часа без гол, Влаховиќ не дава да му го расипат дебито на Пикси Стојковиќ (Видео)

Алан Браун постигна класичен остривски гол со глава за Република Ирска, со кој гостинската селекција поведе против Србија на гости со 1:0.

Ирците немаа постигнато гол точно 677 минути, или на 7 меча по ред, а успеаја да го прекинат долгиот пост со погодок во 18. минута. Браун беше надмоќен во скокот и погоди за 0:1 на дебито на српската легенда Драган Стојковиќ Пикси, како селектор на Србија.

Сепак за да не биде лошо деби за новиот селектор се погрижи Душан Влаховиќ со израмнувачки гол во 40. минута. Двете селекции го играат премиерниот меч за настап на Светското првнство во Катар, што ќе се игра следната година. Голот на Влаховиќ можете да го погледнете ОВДЕ.

Во премиерата на европските квалификации за Мундијалот во 2022 година, Турција денеска ја победи Холандија со 4:2, а во тек се уште 10 натпревари.

Утре и Македонија ќе го почне новиот квалификациски циклус со дуелот против Романија, во Букурешт од 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести