Исчезна фудбалер на Партизан?!

Екипата на Партизан оваа сезона игра слабо, но она што е главна вест од нивниот табор е исчезнувањето на еден нивен фудбалер. Станува збор за Фусени Дијабате, кој откако заминал да настапува за репрезентацијата на Мали, не се вратил во Белград.

Интересно е тоа што Дијабате воопшто не бил во составот за натпреварот против Гамбија, а сега и неговиот телефон е недостапен. Тој требаше да дебитира за репрезентацијата, но тоа не се случи.

Од Партизан велат дека се обидуваат да стапат во контакт, но не можат да го пронајдат Дијабате. Сепак, ова не е првпат фудбалерот од Мали да се однесува аматерски. Тој задоцни и на зимските подготовки на екипата од Белград.

Претстојниов викенд Партизан во рамките на српското првенство ќе игра против Војводина на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести