Иско и Асенсио се „жртвените јагниња“ на Реал во „операцијата Азар“

Реал Мадрид најави нов атак за потписот на Еден Азар откако Белгиецот изрази желба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ по крајот на оваа сезона. Челзи нема да прифати понуда пониска од 150 милиони евра за својата ѕвезда, па токму затоа „кралевите“  планираат во понудата да вклучат и жртвено јагне со цел ги задоволат условите на клубот од Лондон.

Одлуката паѓа на Иско или Асенсио, еден од нив двајца ќе биде вклучен во најавениот трансфер, со тоа што Реал се надева дека така ќе може да ја намали цената за Азар.

Не е тајна дека Иско е на листата на желби кај Маурицио Сари, но и Асенсио би требало да биде адекватна замена за Белгиецот. Оваа сага допрва ќе се развива, а крајниот епилог ќе го имаме во летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести