Иско одигра меч на кариерата и се израмни со Зидан

Во победата на Реал Мадрид од 3-1 против Валенсија, еден од клучните играчи на Кралевите кои ја направија разликата на теренот беше Иско Аларкон. Шпанскиот плејмејкер се најде меѓу стрелците против Лилјаците и му помогна на тимот да се пласира во финалето од шпанскиот Суперкуп.

За Иско, овој меч можеби е еден од најдобрите кои ги одиграл во белиот дрес на Кралевите. Од вкупно 102 додавања, дури 96 му беа точни, статистика каква досега не забележал во кариерата. Исто така, со погодокот за 2-0 Иско се израмни по бројот на голови за Реал со Зинедин Зидан (49), неговиот тренер, како и со Давор Шукер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести