Искусен центар ќе им помага на Вестбрук и Харден во Хјустон

Хјустон го засили ростерот со искусниот центар Тајсон Чендлер. Неодамнешниот член на ЛА лејкерс ќе остане во Западната конференција, а со Ракетите се согласи на едногодишен договор.

Во таборот на Хјустон веќе пристигна големата ѕвезда Расел Вестбрук, заедно со Џејмс Харден тие се новиот тандем кој ќе се бори за шампионската титула во НБА лигата, а со Чендлер добија дополнителна поддршка под обрачите.

Триесет и шестгодишниот центар минатата сезона во дресот на Езерџиите бележеше просек од 3,1 поен и 5,6 скока по натпревар. Инаку, Чендлер има еден шампионски прстен во својата кариера, кој го освои со тимот на Далас во 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести