Испадна и „последниот македонски мохиканец“ на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на ИТФ челинџер турнирот во Скопје кој се игра на терените на ТК Југ за награден фонд од 25.000 долари.

Јотовски беше единствен од македонските претставници кој го мина првото коло, а во второто немаше сили за подвиг против седмиот носител Јакуб Пол од Швајцарија. Првиот сет Пол го доби во тај-брејк со 7-6, а во вториот Јотовски поведе со 2-0, но ги загуби наредните шест гејма, па Швајцарецот дојде до убедлива победа.

- Оглас -

Најнови вести