Истанбулскиот пекол го изгоре шампионот, Галатасарај освои вредни бодови за опстанок (Видео)

Младиот офанзивец на Галатасарај, Керем Актуркоглу, е јунак на вечното дерби на Истанбул и со два гола му донесе победа на својот тим против Бешикташ.

Галата со 2:1 го победи актуелниот шампион на стадионот „Неф“ во Истанбул, а Актуркоглу, кој има 23 години, првпат погоди на дербито во 22-рата минута.

Првиот гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Актуркоглу брзо постигна и втор гол, а беше прецизен во 25-тата минута, кога пак го совлада Дестаноглу и му ја обезбеди победата на Галатасарај само за една четвртина од новото 351-во дерби против Бешикташ.

Вториот гол на Актуркоглу можете да го погледнете ОВДЕ. 

Почесниот погодок за актуелниот шампион Бешикташ го постигна Ридван Јилмаз во 85-тата минута.

Галатасарај, кој е втор на вечната листа според бројот на шампионски пехари со 23 во триото најтрофејни екипи и големи ривали од Истанбул, сега има 38 бода на 11-тото место и е за 9 бода далеку од опасната заона на 9 кола до крајот на првенството.

Бешикташ е актуелен првак на Турција, но оддамна ги загуби шансите за 22-ра титула и сега дури и падна на осмото место со 45 бода.

Најтрофеен клуб во Турција е Фенербахче со 28 шампионски титули, а ривалитетот меѓу трите клуба е огромен и заедно имаат 72 титули, а сите останати клубови 21 трофеј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести