Источна Европа против Македонија – Бутел ќе дебитира во еврокуповите против Запорожје

Машкиот ракометен клуб Бутел ќе дебитира во еврокуповите со двомеч најверојатно против украинскиот Запорожје, и тоа во рамките на второто коло во Купот на ЕХФ.

Запорожје е голем фаворит на стартот на натпреварувањето и ќе треба да го елиминира британскиот клуб Лондон, што се чини нема да биде тешка задача за Украинците.

Потоа следи двомечот со Бутел, екипа која ќе дебитира на европската сцена по одличната сезона во домашното првенство.

Во истото натпреварување Пелистер би требало да игра со подобриот тим од двомечот меѓу Беса од Косово и швајцарски Винтертур, но само ако битолчани не направат фузија, која е најавена со Еурофарм Работник. Ако се оствари планот на ракометна Битола, тогаш новиот клуб од фузијата ќе игра во Лигата на шампионите.

Кај дамите, ЖРК Куманово ќе игра со Славија Прага, а Металург со Заглебје од Полска, а и двата двомечи се во Купот на ЕХФ.

Во Челинџ купот, Пелистерки ќе играат со Зајечар од Србија.

- Оглас -

Најнови вести