Историја: Хјустон рокитс направи нешто што не беше видено во НБА, НХЛ, НФЛ или МЛБ лигите (Видео)

Хјустон рокетс го победи Њу Орлеанс пеликанс со 118-108, и испиша историја, не само на НБА-лигата, туку во сите професионални лиги во Северна Америка во четирите екипни спортови. Ракетите станаа првиот тим во НБА, НХЛ, МЛБ и НФЛ кој има серија од шест победи по ред откако претходно имал 15 порази едноподруго.

Одеднаш Хјустон игра како прероден, реди само победи, а до пред десетина дена бешe тим за потсмев и губеше од кого ќе стигне. Следен противник му е Бруклин нетс.

Кристијан Вуд и Ерик Гордон со по 23 поени беа најефикасни кај Рокитс, а кај Пеликанс одличен беше Брендон Инграм со 40 поени.

Од четирите меча во НБА кои се играа доцна синоќа и рано утрово, најнеизвесно беше во Кливленд, каде што Јута победи со 109-108. Донован Мичел придонесе со 35 поени, Руди Гобер имаше 20 скока, но тоа можеше да биде попусто ако Дариус Гарланд го погодеше шутот за победа на Кавалирс на 2,9 секунди до крајот.

И потегот на вечерта во НБА го имаше играч на Хјустон. Кеј Џеј Мартин, кој има 20 години и ја игра својата втора сезона, ги разниша обрачот и конструкцијата на кошот со атрактивно забивање кое ги крена на нозе сите присутни во салата.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести