Историска ноќ во Лос Анџелес, Клиперс намали во серијата против Санс (видео)

ЛА клиперс со сигурни 106:92 намали на 2-1 во серијата против Феникс санс за прва историска победа на оваа франшиза во конференциското финале на Западот.

Екипата на која ѝ стана навика да влегува со два порази негатива во секоја рунда досега од разигрувањата, се разбуди по одличната партија на Пол Џорџ, кој диригираше на паркетот со дабл-дабл од 27 поени и 15 скока, а додаде и 8 асистенции во својата статистика.

Втората ѕвезда на Клиперс се оправда откако беше трагичар во претходните два меча кои се одиграа во Аризона, а на гостите од Феникс не им помогна враќањето на Крил Пол на паркетот откако не играше претходно поради ковид-протокол.

https://www.youtube.com/watch?v=c1H0mrCXhCo

- Оглас -

Најнови вести