Нов историски дебакл за македонскиот фудбал, жените загубија со 11:0

Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе дебакл во мечот против Северна Ирска, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. На домашен терен, на стадионот при ФФМ, Македонија загуби со 0:11.

Уште од самиот старт беше најавен дебаклот. Гостинките дадоа дури четири погодоци во првите 16 минути, а потоа продолжија во ист ритам и до полувремето веќе беше 7:0 за Северна Ирска.

Во второто полувреме гостинките сопреа во темпото и постигнаа само четири голови. Фурнес погоди во 68-мата минута за да комплетира хет-трик, а потоа три гола на своето конто запиша и Магили со погодокот во 73-тата минута. Во последните две минути од мечот, гостите дадоа уште два гола за конечни 11:0.

По пет кола од квалификациите, Македонија остана претпоследна во групата само со три бода од пет меча, додека Северна Ирска стигна до 10 бодови и е на третата позиција зад лидерот Англија и Австрлија.

Женската репрезентација на Македонија е навикната на високи порази. Само пред два месеци најпрво загуби со 8:0 на гости кај Англија, а потоа и на домашен терен со 0:6 беше поразена од Австрија. Во септември и октомври минатата година, Македонија на од Франција губеше со 11:0 и 7:0.

- Оглас -

Најнови вести