Историски гаф – Кога немаше ВАР, и вакви голови не се признаваа (Видео)

ВАР системот е често оспоруван откако почна масовно да се воведува на фудбалските терени, но само една снимка, и тоа историска е доволна да се образложи зошто системот за репетиција е добар за прегледување на спорните моменти.

Се работи за мечот од пред 3 години меѓу Дугопоље и Сесвете во Втората хрватска лига, а ваква епска утка од судија кој не призна очигледен гол од пенал немало во историјата на фудбалската игра. Го збуни малку дупнатата мрежа, но топката јасно влезе во голот, иако тој не беше признат.

Видеоматеријалот сè уште е вирален хит на социјалните мрежи. Судијата е Тино Кречак, а оштетениот пеналџија е тогашниот играч на Сесвете, Анте Аралица.

- Оглас -

Најнови вести