Историски успех на најслабата репрезентација во светот!

Репрезентацијата на Сан Марино одигра без голови на свој терен против Гибралтар во меч од групната фаза во Д сегментот од Лигата на нации. Со овој освоен бод, Сан Марино испиша историски успех, затоа што за прв пат откога постои оваа фудбалска репрезентација, успеа да одигра два меча во низа без да загуби.

Пред еден месец Сан Марино ремизираше на гости кај Лихтенштајн 0:0 и тогаш прв пат се случи да не прими гол на едно гостување. Денеска Сан Марино успеа и со играч помалку во целото второ полувреме да издржи да не прими гол од Гибралтар за повторно на крајот да биде 0:0.

На последното рангирање на ФИФА, Сан Марино се најде на последата 211 позиција, додека Гибралтар е на 195 место.

 

- Оглас -

Најнови вести