Исторски резултат за Сан Марино

Сан Марино успеа да одигра без голови на гостувањето кај Лихтенштајн и со тоа постигна еден од најдобрите резултати во 30 години долгата историја. Претходно Сан Марино последен пат одигра нерешено против гостувањето кај Естонија пред шест години (1:1), а сега првпат во историјата успеа на гостување да не прими гол.

Во минатото Сан Марино најчесто од гостувањата си заминуваше со мрежа полна со голови до врв, а сега историски за првпат ја сочува мрежата. За Сан Марино ова е вкупно четврто реми на официјален меч.

Во вкупно 167 натпревари имаат само една победа, и тоа токму против Лихтенштајн во 2004 година. Освен четирите нерешени средби, Сан Марино има вкупно 162 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести