Италија ја спушти завесата за трансфери – Кјеза е ѕвезда на последниот ден, Калјехон ќе игра за Фиорентина, Делофеу му стана соиграч на Несторовски…

Федерико Кјеза е најголемата ѕвезда на последниот ден од предониот рок во Италија и неговиот трансфер од Фиорентина во Јувентус на позајмица со право на откуп за 50 милиони евра беше во фокусот на Чизмата.

Кјеза потпиша двегодишен договор со шампионот на Италија, кој има обрвска да плати 10 милони евра на контото на Фиорентина и во текот на следните две сезони да го откупи договорот на репрезентативецот на Италија за 50 милиони евра.

Навивачите на Фиорентина тешко го поднесоа заминувањето на еден од најдобрите фудбалери, и тоа во Јувентус, кој им е еден од најомразените клубови во Италија, но и тие имаа причини за малку радост денеска.

Во финишот на преодниот рок на „Артемио Франки“ дојде Хозе Калјехон од Наполи, што е големо засилување за Виолетовите.

Од ударните трансфери во Серија А вечерва до 20 часот, кога заврши преодниот рок на Чизмата, е и пристигнувањето на Џерард Делофеу во Удинезе. Одличниот крилен играч ќе му биде соиграч на нашиот Илија Несторовски во обидот Зебрите да се извлечат од дното на табелата по лошиот старт на сезоната.

На една минута до 20 часот, италијанските медиуми објавија дека и Крис Смолинг конечно останува во Рома, овојпат со перманентен договор откако Манчестер јунајтед се договори со Римската волчица стоперот да продолжи во Рим.

- Оглас -

Најнови вести