Италијанец ќе ја дели правдата меѓу Германците и Французите

Италијанскиот арбитер Даниеле Орсато ќе ја дели правдата меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите кое е закажано во недела.

Oрсато досега трипати имал прилика да суди на меч во кој играл Баерн Минхен, додека на Светците им судел во два наврати, последно во ланската сезона, во првиот осминафинален меч против Манчестер јунајтед кој ПСЖ го доби со 2-0 на „Олд Трафорд“.

Орсато досега судеше вкупно на 30 натпревари во ЛШ, последен му беше осминафиналната пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во која Граѓаните триумфираа со 2-1, а Орсато му покажа црвен картон на Серхио Рамос.

- Оглас -

Најнови вести