Италијанскиот Суперкуп на 16-ти јануари во Саудиска Арабија

Сега е и официјално, Јувентус и Милан на 16-ти јануари во саудискиот град Џеда ќе го играат својот меч од Суперкупот на Италија. Откако беа добиени сите потребни дозволи, овој натпревар помеѓу двата италијански гиганти е закажан за во Саудиска Арабија.

Ова ќе биде десетти пат трофејот од Суперкупот на Италија да се додели во странство. Претходно се играше и во Вашингтон (1993), Триполи (2002), Њујорк (2003), Шангај (2015), трипати во Пекинг (2009, 2011, 2012) и двапати во Доха (2014 и 2016).

Јуве е шампион и освојувач на Купот на својата земја, а Милан ќе игра како поразен финалист во Купот. Ќе се борат за осмата титула во ова натпреварување бидејќи и Јуве и Милан засега имаат по седум. Што се однесува до меѓусебните дуели, во 2003 Јуве го победи Милан на пенали, а во 2016 „росонерите“ се реваншираа.

- Оглас -

Најнови вести