Италијанците одредија датум за почеток на мечевите во Серија А

Веќе три недели мирува фудбалот во Италија. Коронавирусот ја блокираше целата земја, која моментно е најпогодена во целиот свет. И покрај застрашувачките бројки на заразени и починати лица во Италија, весникот „Ил Месанџеро“ открива дека е познат датумот кога повторно ќе започнат возбудувањата во Серија А.

Според пишувањата, клубовите со тренинзи ќе почнат за две недели, но ќе тренираат во помали групи како претпазливост поради опасниот вирус. Што се однесува до натпреварите, Серија А се очекува повторно да започне на 24 мај или најдоцна на 31 мај.

Натпреварите ќе се играат во забрзан ритам, а сите мечеви ќе се играат без присуство на публика. Крајот на сезоната е предвиден во средината на јули. До крајот на првенството во Серија А остануваат уште 12 кола, плус неколку заостанати дуели, како и завршницата во Купот.

- Оглас -

Најнови вести