Италијанците се селат во Кина – Финале во Купот и Суперкупот

Финалето во италијанскиот Куп и во Суперкупот во следните 3 години ќе се играат во Кина, по договорот на тамошната Влада и Фудбалската федерација на Италија.

Договорот ги опфаќа и телевизиските права, а Италијанците ќе им помагаат на Кинезите во развој на младите фудбалери и во технологијата поврзана со ВАР.

И досега имаше добра соработка меѓу двете страни, а Суперкупот на Италија четирипати во последните 10 години се играше во Кина.

- Оглас -

Најнови вести