Одбран најдобриот тим за деценијата, но на неколку играчи не им е местото таму!

Францускиот весник „Фанс Фудбал“ го направи својот избор за најдобар тим во светот за изминативе 10 години, но многумина сметаат дека во екипата има играчи на кои местото не им е таму.

Според „Франс Фудбал“, во најдобриот тим за изминативе 10 години има место за: Касилјас – голман, Лам, Ван Дајк, Рамос, Марсело – одбрана, Модриќ, Чави, Иниеста – среден ред, Меси, Роналдо, Нејмар – напад.

Според многумина, местото во тимот е незаслужено за централниот дефанзивец на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Не дека Ван Дајк не блеска и не е одличен, но факт е дека Холанѓанецот во врвот на светскиот фудбал се вивна во последниве две-три години, а сепак ова е тим за најдобрите во последните 10 години.

Дилема е и дали голманот Икер Касилјас треба да е на таа позиција. Легендата на Реал Мадрид блескаше и донесе многу трофеи на Реал Мадрид, но, сепак, неговата кариера од 2015 година беше во пад. Касилјас си замина од Реал и бранеше во Порто, тим кој не е на нивото на најдобрите, а португалското првенство не е ниту во Топ 5 во Европа.

Во нападот го сместија Нејмар, заедно со Меси и Роналдо. Неспорен е талентот и квалитетот на Бразилецот, но тој многу често е повреден, знае да биде контроверзен, но неговата популарност веројатно влијаеше да добие место во тимот на деценијата.

- Оглас -

Најнови вести