Излезе во јавност извештај на скаут на Барса за 17-годишниот Марадона

Некогашниот селектор на Аргентина, Сезар Луис Меноти, беше клучниот човек кој придонесе Барселона да го купи Диего Марадона од Бока јуниорс. Меноти уште во 1978 година преку скаут испрати извештај до Барса, а каталонците дури четири години подоцна го купија тогаш талентираниот Диего.

Марадона во време на извештајот уште немаше ни 18 години, а објавено е како изгледал скаутингот:

Оценка: Многу добар, извонреден. Брзина 9,5, забрзување 9,5, со топка 9,1, без топка 9,5, агилност 9,5, скок 8.

Психолошки аспекти: Ментална силна 10, отпорност на фаули 10, концентрација 10, себичност 0, карактер 10.

Општа техника: Непобедлив.

Прецизна техника: Застрашувачки ефикасен дриблер, силен, храбар, одличен удар, одличен пас, максимално прецизен, беспрекорна визија. Просечна игра со глава, добар лидер, знае да зачува топка.

Индивидуална тактика: Комплетна фудбалска интелигенција, комплетно чувство за фудбал.

Општи заклучоци: Млад, има неверојатна техника, дриблинг на највисоко ниво. Секогаш оди кон гол, но знае кога треба да се ослободи од топката и да додаде. Одлични рефлекси. Кратките додавања и шутот му се чудо.

Марадона за Барселона одигра 36 меча и даде 22 гола од кои најмногу се памети лобот во Белград на натпревар против Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести