Крај на една ера: Ибрахимовиќ му кажа збогум на фудбалот (Видео)

Веднаш по завршување на натпреварот меѓу Милан и Верона (3:1), Златан Ибрахимовиќ, изненадувачки објави дека ја завршува кариерата.

Ибрахимовиќ кој поради повреда не можеше да настапи за Милан во последниот меч сезонава, имаше спектакуларно простување од навивачите на Росонерите.

https://twitter.com/i/status/1665471721909161984

Иако многумина очекуваа 41-годишниот Ибрахимовиќ да ја прифати понудата на Монца, тој изненадувачки изјави дека се простува од фудбалот.

„Првиот пат кога пристигнав во Милан вие ми дадовте среќа, вториот пат му дадовте љубов. Од срце ви благодарам. Ме пречекавте со раширени рацеи и направивте тука да се чувствувам како дома. Засекогаш ќе бидам навивач на Милан, но сега е време да му кажам збогум на фудбалот, не на вас“, изјави Ибрахимович.

- Оглас -

Најнови вести