Кошаркарскиот клуб Кожув информира дека Миодраг Тодоровиќ е новиот тренер на гевгелискиот тим.
Младиот Тодоровиќ во Кожув доаѓа од Маџари, каде што ја извршуваше функцијата главен тренер и работеше на развојот и напредокот на тимот. Со тој тим, кој беше нов прволигаш, сезонава сензационално стигна до финалето на плејофот.
Претходно Мишо беше дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје како помошен тренер, стекнувајќи значајно искуство на највисоко клупско ниво во македонската кошарка. Воедно, тој е и селектор на македонската репрезентација до 18 години, што дополнително ја потврдува неговата стручност, посветеност и квалитетна работа со младите категории.
Во претходната сезона Тодоровиќ беше избран за најдобар тренер во македонската Суперлига, како признание за неговата работа, резултатите и професионалниот пристап.

