Изненадување од Италија: „Вториот принц на Рим“ ќе биде тренер на Фиорентина

Даниеле Де Роси ќе биде нов тренер на Фиорентина во следната сезона, е веста која вечерва ја обиколи Европа и предизвика големо изненадување дури и кај најголемите познавачи на состојбите во италијанскиот фудбал. Де Роси до неодамна играше за аргентинскиот тим Бока јуниорс, а претходно целата кариера ја мина во Рома. Нема никакво тренерско искуство, само што ја заврши играчката кариера, но Виолетовите од Фиренца веруваат во него.

Де Роси наскоро ќе наполни 37 години, и можеби ќе стане колега со неговиот татко Алберто, кој со години работи како тренер во младинските категории во Рома. Во моментов, тренер на Фиорентина е Бепе Јакини. Како најсериозен кандидат се спомнуваше Лучано Спалети, но изгледа дека шанса сепак ќе добие Де Роси.

- Оглас -

Најнови вести