Изненадување од Пике – сака да биде претседател на Барселона!

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, призна дека сака еден ден да стане претседател на најголемиот каталонски клуб, а има и планови што би правел ако е на чело на Барса.

„На претстојните избори не може да се кандидирам бидејќи уште сум активен играч. Не се знае што може да се случи во иднина, поврзан сум со Барселона, голем фан сум на клубот, и сакам да помогнам колку што можам. Мислам дека сум подготвен во иднина да бидам претседател. Тоа е мојот сон“ – изјави Пике кој додаде дека не сака да биде тренер.

Пике на 2 февруари ќе наполни 34 години, не планира да игра после истекот на договорот во 2024 година, а верува дека харизмата би му помогнала во иднина да победи на претседателски избори. А, кога би станал прв човек на Барса, за тренер би го стави Чави, со Иниеста како помошник, додека технички секретар би бил уште еден екс капитен на Барса, Карлес Пужол.

- Оглас -

Најнови вести