Изненадување од Турција: Мартин Одегард ќе потпише за Галатасарај?

По повеќе од пет години минати во дресот на Арсенал, капитенот Мартин Одегард е пред заминување од лондонскиот клуб. Според информациите од Турција, норвешкиот репрезентативец ги договорил личните услови со шампионот Галатасарај.

Се наведува дека менаџерот на 27-годишниот играч за врска веќе постигнал начелен договор со челниците на турскиот гигант, а останува двата клуба да ги усогласат деталите околу трансферот.

Арсенал бара околу 40 милиони евра за својот капитен, додека Галатасарај се обидува да ја намали сумата или да договори исплата на рати. Преговорите се во тек, а конечниот договор се очекува наскоро.

Одегард пристигна во Арсенал во јануари 2021 година како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, а шест месеци подоцна англискиот клуб го откупи неговиот договор за 35 милиони евра. Оттогаш тој прерасна во еден од лидерите на тимот и ја доби капитенската лента.

- Оглас -

Најнови вести