Секакви работи сме се изнагледале на фудбалските терени низ светот, без разлика дали станува збор за професионален или аматерски фудбал, но ова што се случи во Јужна Африка е лудост. На видео снимено на четвртолигашки меч во најјужната земја на Црниот Континент, се гледа како човек го прекинува мечот со тоа што влетува на теренот со џип и се обидува да гази фудбалери кои се во игра и резервите.
Наводно, навивачот бил изнервиран од судиски одлуки и решил правдата да ја земе во негови раце. За среќа, немаше жртви. Погледнете што се случи:
https://twitter.com/i/status/1232328349336457216