Израмнет неславен рекорд во шпанското првенство

Поразот на Хетафе на гостувањето кај Бетис со 2:0 беше седми неуспех во низа на тимот од предградието на Мадрид. Екипата на тренерот Мичел не освои ниту еден бод по седумте одиграни кола и тоа е најслабиот старт на еден клуб во последниве 25 години.

Во 1996 година, тимот на Екстрамадура започна со седум порази во низа, а претходно таков анти рекорд имале само уште Сарагоса во 1952 година и Расинг пред речиси 100 години, односно во 1928 година.

По седум одиграни кола, Хетафе има гол-разлика од два дадени и дури 12 примени голови. Играчите на најслабиот тим погодуваат само на мечевите со гигантите Барселона и Атлетико Мадрид (порази од 2:1).

Во следното коло Хетафе на свој терен игра против Сосиедад, тим кој започна одлично и со пет победи, едно реми и само еден пораз моментно е на второто место на табелата со 16 бодови, само еден помалку од лидерот Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести