Изразот на лицата на директорите на Баерн најдобро покажува што мислат за противникот во ЛШ

Ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите донесе две мега пресметки, таа меѓу Реал Мадрид и Ливерпул како и таа помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ.

Ливерпул и ПСЖ кои натпреварите во групната фаза ги завршија на второто место во своите групи, беа најнепосакуваните ривали за сите тимови кои се наоѓаа во групата на носители и кои беа најдобри во првата фаза од елитното натпреварување.

Најмалку среќа имаа едни од главните фаворити за трофејот, актуелниот европски шампион Реал Мадрид кој ќе игра против Ливерпул, како и тимот кој беше единствен што оствари шест победи во групната фаза, Баерн Минхен.

Баварците за противник го добија ПСЖ кој предводен од триото Меси, Нејмар и Мбапе важи исто така за еден од главните фаворити за трофејот, а реакцијата на директирите на германскиот тим, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан кажува сè за тоа што мислат за нивниот противник.

- Оглас -

Најнови вести