Извиси поради љубовна афера, сега го молат да се врати назад

Лос Анџелес лејкерс сака да го врати Деанџело Расел, откако во 2017 година направија голема грешка и го пуштија одличниот бек да си замине поради банална причина.

Расел беше избран од шоумените на драфтот во 2015 година, како втор пик, а само две години подоцна Меџик Џонсон направи голем кикс.

Деанџело беше во фокусот на големиот скандал со неговата тогашна девојка, познатата раперка Иги Азалеa. Расел откри дека таа има афера со Ник Јанг, негов тогашен соиграч во Лејкерс, а кавгата што стана јавна ја пресече Меџик со одлука да го трампа во Бруклин нетс.

Сега кај популарните „Езерџии“ ги нема ниту Јанг, ниту Меџик Џонсон, а на Расел му истекува договорот, па можно е тој да направи кам-бек кај Лејкерс. Особено што раководството на Бруклин сака да го донесе Кајри Ирвинг од Бостон селтикс.

- Оглас -

Најнови вести