Ја чекаше Франција до последен момент, па одлучи да игра за Мароко на Мундијалот

Ајуб Буади важи за еден од најдобрите млади француски фудбалери, а за него веќе има интерес од ПСЖ, Арсенал и Манчестер јунајтед. Фудбалерот на Лил ги мина сите младински селекции на Триколорите, а за репрезентацијата до 21 година имаше 10 настапи.

Французите најавуваа дека мора да ја осигураат неговата репрезентативна иднина, но само еден час откако Дидие Дешан го објави списокот со фудбалери за Светското првенство, тој објави дека во иднина ќе настапува за Мароко.

Буади одлучи да настапува за земјата од која потекнува, а тоа беше еуфорично прифатено во Мароко. Француските медиуми ваквиот развој на настаните го сметаат како голема загуба за нив, но и голема добивка за Мароко, земја која изгради респектабилна репрезентација со фудбалери кои се родени во Европа.

- Оглас -

Најнови вести