Ја победуваше тениската елита, денеска објави и победа против најтешката болест

Карла Суарес Наваро објави одлична вест на „Инстаграм’ и конечно ја доби најтешката животна битка со ракот.

Шпанската тенисерка има 32 години, а лани во август ја почна терапијата отако ѝ беше соопштено дека го има Хоџкин типот на рак.

„Ова ми е најголемата победа во животот. Можам да објавам дека сум потполно здрава. Им благодарам на лекарите кои се грижеа за мене“, објави Карла на „Инстаграм“.

Во тениската кариера ги победуваше и најголемите имиња во мината деценија, а најдобар ранкинг и беше шестото место на светската листа во 2016 година.

Суарес Наваро има две ВТА-титули и на сите гренслем-турнири има пласман најмалку во четвртото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести