Ја постигна тројката што донесе куп-титула – Дамјан Стојановски е МВП на финалето (Фото)

Дамјан Стојановски е прогласен за најдобар кошаркар во финалето на македонскиот куп, што го доби неговиот тим МЗТ Скопје против вечниот ривал Работнички со 77:69.

Македонскиот репрезентативец постигна клучна тројка во финишот на мечот од многу тешка позиција и во последна секунда од нападот, со што и конечно беше урнат големиот ривал.

Со тројката МЗТ Скопје поведе со 7 поени разлика и во пенал завршница успеа по 10-ти пат да го освои пехарот во Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести