Ја прекрши самоизолацијата и сега може да остане без 20 милиони евра

Александар Пријовиќ сигурно не е најпознатиот, но е еден од најбогатите српски фудбалери. Пријовиќ може да загуби 20 милиони евра поради Коронавирусот, односно поради непочитување на самоизолацијата во Србија.

Фудбалерот беше еден од десеттемина луѓе кои полицијата ги пронајде во барот во еден хотел и ги уапси. Сите тие беа уапсени и одведени пред јавното обвинителство. Пријовиќ е осуден на три месеци куќен притвор. Токму оваа казна може скапо да го чини.

Од минатата година Пријовиќ стана играч на најбогатиот арапски клуб Ал-Итихад, каде што потпиша четири и полгодишен договор вреден 25 милиони евра, и тоа без бонусите за голови и асистенции. На Србинот одлично му тргна во новиот клуб, но само по неколку месеци падна во формата. Пријовиќ беше исфрлен од првиот тим, а од Ал-Итихад неуспешно се обидуваа да го продадат.

Сега за Ал-Итихад се отвора можност да се спасат од договорот што го имаат со Србинот. Поради непримерно однесување и нарушување на клупскиот имиџ, арапскиот клуб може да побара раскинување на договорот на штета на играчот. Ако тоа се случи, Пријовиќ ќе остане без 2,75 милиони евра кои требаше да ги добие до крајот на оваа сезона, плус 16,5 милиони евра кои му следуваа за следните три години. Тоа се вкупно 19,25 милиони евра, без предвидените бонуси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести