Ја запросија на последниот меч во кариерата – Рали има срце како планина, се откажа од фудбал за да биде крај болниот сопруг (Видео)

Репрезентативката на Австралија Рали Добсон го одигра последниот меч во кариерата што ќе го памети цел живот, откако нејзиното момче Мет ја запроси во една од најубавите и најтрогателни спортски приказни во 2021 година.

Рали постигна и гол на прошталниот меч, нејзиниот тим победи, а 28-годишната фудбалерка кажа „Да“ на понудата за брак на нејзиното момче, кое има рак на мозокот и минува низ најтешкиот период во животот.

Добсон одлучи да ја прекине фудбалската кариера за да биде крај сопругот во долгиот процес на лекување со радио и хемотерапија.

Во кариерата играше за неколку австралиски клубови, последен и е Мелбурн сити, а има и еден настап во дресот со национални бои на Австралија.

- Оглас -

Најнови вести