Jаја Туре во дрес на кинески второлигаш ќе се замислува дека игра за Барса (фото)

Јаја Туре ја продолжи кариерата во кинеската втора лига откако потпиша едногодишен договор со Кингдао хуангај. Фудбалските љубители кои го следат поранешниот играч на Манчестер сити се прашуваат зошто Туре се одлучил токму за овој клуб, а по сите изгледи, причината е најдена.

Комбинацијата на сината и црвената боја со испрекинати линии потсеќа на еден од поранешните дизајни на Барселона, па така Туре ќе се замислува дека повторно игра за каталонскиот гигант со кого освои седум трофеи.

Инаку, Туре имаше и голем успех носејќи го дресот на Манчестер сити. Во осум сезони како Граѓанин, трипати беше шампион на Англија, а стана и африкански шампион со Брегот на Слоновата Коска во 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести