Јакимовски: Местото на Македонија е на многу повисоко ниво, чекор по чекор ќе стигнеме до нашата цел

Андреј Јакимовски уште еднаш покажа дека е вистински предводник на македонската кошаркарска репрезентација. На дуелот против Република Ирска во салата „Лазар Лечиќ“, Јакимовски за 33 и пол минути поминати на теренот заврши со дабл-дабл учинок. Кошаркарот на италијански Тренто на крајот имаше 19 поени и 13 скока.

Веднаш по мечот, Јакимовски изрази задоволство од играта на нашата селекција.

„Очекувавме физичка игра од страна на Ирска, така играа и на првиот меч на нивни терен. На крај убедлива победа за нас. Мислам дека ја заслуживме победата, заслужуваме да одиме во наредниот циклус. Честитки до сите играчи“ рече Јакимовски веднаш по победата над Ирска.

До крајот на квалификациите Македонија ќе игра на гости кај Луксембург во обид да се стигне до перфектен крај на претквалификацискиот турнир.

„Мислам дека треба да очекуваме победа и на гости кај Луксембург. Сметам дека не припаѓаме во овие претквалификациите и мислам дека на нас ни е местото на многу повисоко ниво. Мислам дека чекор по чекор ќе стигнеме до нашата цел“, потенциране Јакимовски.

Македонија вечерва лесно со 77:56 ја победи Ирска во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести