Јани Атанасов потпиша за Актобе, ќе биде соиграч со Нани

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов, денеска потпишал договор со казахстанскиот клуб Актобе.

Договорот на 26-годишниот струмичанец кој игра во средниот ред, е на една ипол година, а во Актобе тимски колега ќе му биде португалската легенда Нани.

Изминатата сезона Атанасов играше во АЕЛ Лариса. Пред тоа беше во Академија Пандев, Бурсаспор, Хајдук Сплит, Краковија, Пушча.

Првенството на Казахстан е во тек, по 12 одиграни кола Актобе се наоѓа на седмо место.

- Оглас -

Најнови вести