Јаник Синер е прв полуфиналист на Вимблдон

Јаник Синер продолжува со сигурните настапи на Вимблдон и обезбеди пласман во полуфиналето откако со максимални 3-0 во сетови го совлада Јан-Ленард Штруф.

Иако конечниот резултат сугерира убедлива победа, германскиот тенисер пружи силен отпор, особено во првите два сета. Сепак, првиот носител на турнирот одигра кога беше најпотребно и не му дозволи на противникот да освои ниту еден сет.

Синер првиот сет го доби со 7-5, додека вториот беше решен дури по тај-брејк, во кој Италијанецот славеше на поени со 7-4. Во третиот сет веќе ја наметна својата доминација, го доби со 6-3 и го завери местото меѓу четворицата најдобри на престижниот гранслем.

Во борбата за финалето, Синер ќе се соочи со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим.

 
- Оглас -

Најнови вести