Јапонскиот самурај од Нара е хит, водечки стрелец е во две различни лиги

Кјого Фурухаши моментно е единствен пример во светот на фудбалот со лидерска позиција на листата на стрелците во две различни земји и првенства.

Во Јапонија се уште е недостижен на врвот со 15 голови за Висел Кобе, а блеска и во дресот на новиот клуб Селтик. Во дебито пред домашната публика на „Селтик парк“ против Данди постигна хет-трик за 68 минути игра и покажа дека ќе биде вистинско засилување за шкотскиот гигант.

Трите гола му беа доволни да избие на чело на листата со најдобри стрелци на стартот на новата сезона во шкотското првенство. Фурухаши, кој има 25 години стана и првиот играч на Селтик со хет-трик на дебито пред домашната публика по цели 97 години.

Пред него тоа го стори Вилијам Флеминг во 1924 година во победата од 6:0 против Килмарнок, а тој даде дури четири гола при преставувањето пред навивачите на Селтик.

 

- Оглас -

Најнови вести