Јапонците сакаат Моријасу да остане на кормилото на националниот тим

Очекувањата во Јапонија се дека Хаџиме Моријасу ќе остане селектор на националниот тим и покрај раната елиминација од Мундијалот. Моријасу го одведе тимот до шеснаесетфиналето на Светското првенство во Северна Америка, каде што Јапонија беше поразена со 2-1 од петкратниот светски шампион Бразил.

Јапонската селекција сè уште нема победа во натпревар од директна елиминација на Светските првенства.

Моријасу ја презеде репрезентацијата по Мундијалот во 2018 година во Русија. Под негово водство, Јапонија стигна до осминафиналето на Светското првенство во Катар 2022, каде што беше елиминирана од Хрватска по изведување пенали.

Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека Фудбалската асоцијација на Јапонија сака Моријасу да остане на функцијата. Можно е да добие едногодишно продолжување на договорот, со цел да го предводи тимот на претстојниот Азиски куп, кој ќе се одржи на почетокот на следната година во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести